Викторија Ангеловска академија за UX/UI+ дизајн скала

Студентски искуства: Натали Наумова – Моден дизајн

skala_admin_m
on

Студентски искуства: Натали Наумова – Моден дизајн

Студентски искуства: Натали Наумова – Моден дизајн

skala_admin_m

I am a heading

Беше дел од Академијата за моден дизајн. Како се роди љубовта кон модата и со какви дизајни/ модели/ цртежи конкурираше?

Љубовта кон модата се роди уште од многу мали нозе, кога слободното време го поминував во цртање креации. Иако, тие беа смешни и детски, сепак тоа го правев со огромна љубов и задоволство и постојано се трудев да бидам што подобра. Подоцна, модата стана и моја професија, така што моментално на некој начин го живеам мојот сон од детството и се стремам кон негово целосно исполнување.

На Aкадемијата конкурирав со голем број на цртежи од мои лични модни колекции, неколку готови парчиња облека кои ги имав изработено за време на студиите по дизајн на факултет како и неколку модни фотографии со мои дизајни.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Сега си дел од модната куќа Bella. Во кој дел/ област најмногу ти помогнаа да се усовршиш часовите на академијата?

На прво место ќе ги ставам часовите по конструкција на облека и техники на кроење и шиење со професорот Никола Булески, бидејќи многу ми помогнаа во однос на техничкиот аспект на дизајнирањето на облеката. Во моментот, работам како моделар во Bella, така што конструкцијата на облека, моделирањето и градирањето се дел од секојдневната работа што ја извршувам на работното место. Благодарение на тие часови, многу полесно ми беше во почетокот да се приспособам на работната позиција. Секако, учењето е процес кој не застанува со завршувањето на академијата, така што сѐ уште секојдневно стекнувам нови знаења и искуство во однос на моделирањето и конструкција на облека.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Менторот кој е моја модна инспирација...

Никола Ефтимов, кој е навистина инспиративна личност во секој поглед и никогаш не престанува да ме воодушевува со огромното знаење и креативност што ги поседува.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Би дизајнирала дело за колегата...

Не би дизајнирала за колегите бидејќи сите сме многу различни во секој поглед, тоа не прави и посебни, а дружбата секогаш позабавна.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Најмногу ме мачеа домашните...

На Александра Јовановска по модна илустрација бидејќи беа во голем број и секој пат моравме да употребиме некоја нова техника на цртање и многу креативност, но сепак тоа беше мачење во позитивна смисла бидејќи мене лично втора љубов после модата ми е цртањето.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

На часовите по цртање научив...

Дигитална илустрација, која многу често се користи во денешно време и мислам дека е неопходно секој моден дизајнер да има познавање од истата. Најголемата предност е тоа што помош на компјутерските алатки дури и оние кои мислат дека немаат доволно талент за цртање можат да направат одлични модни илустрации.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Ако не се вработев во Bella...

Најверојатно би продолжила со учење и усовршување и би започнала свој моден бренд.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала