Од први до трети декември, во новиот коворкинг-простор на „Стартап клуб“ -Скопје, се одржа првиот хакатон за дигитализација на донаторското искуство „Технологија во функција на хуманост“, во организација на „Ways2Help“ во соработка со „Women in tech Macedonia“.
На хакатонот зедоа учество над 80 учесници од формални и неформални организации, ит-компании и неколку едукативни центри меѓу коишто и „Скала“.
Учесниците на хакатонот имаа за цел да креираат и да ги претстават своите иновативни решенија за општествено добро и помош за социјално загрозени семејства во неколку облици како: дополнителна функционалност на Ways2help-платформата, апликација, онлајн игра или дополнителен иновативен систем за подобрување на донаторското искуство.
Нашиот тим беше селектиран од тековните студенти на академиите за дизајн и тоа: Милена Петковска, Теона Милева, Трајче Стојанов, Стефан Божиновски, Сања Делева и Зорица Ставрова.
Особено сме горди што нашиот тим, во конкуренција на 16 други тимови, го освои 3-то место или 1-во, во рамките на сите тимови од пријавените школи. Честитки дечки!! – Уште еднаш јавно ги потврдивте вашите квалитети.