Академија за моден дизајн

    Можност за кариера: 

  • стилист
  • конструктор на облека
  • моден дизајнер

Академијата за моден дизајн е темелна 10-месечна програма која ти овозможува да се стекнеш со практични знаења и вештини во областа на модниот дизајн. Научи како да ја дизајнираш твојата прва модна колекција и безвременски модни парчиња.

Кариерен план

Насочување и поддршка

Start
Now

4.5
највисока оцена од досегашните студенти
регрутација
на крајот од Академијата со HR менаџери од компании
+150студенти
од Академиите се вработиле во компании од креативните индустрии во изминатата година

3700+
студенти

Ментори

10

Портфолио

Реален проект

Апликации

Уште 3 слободни места

Можности

+20 компании

Твојата прва скала

Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.

моден дизајн

Уште 3 слободни места

Карактеристики

Настава

320 часа

Пракса

120 часа

Времетраење

10 месеци

Студенти

15

Потребни вештини

основни

Формат

Сертификат

Сертификатда

Можности за финансирање

Цена

2450 €

Ран упис

400 €

Стипендија

целосна/половична

Плаќање на рати

20 рати

Алумни сметка

Алумни сметкада

Програма за препорака

даПрограма за препорака

Временски план

  1. Почеток на настава

    10 октомври, 2024

  2. Крај на настава

    јули, 2025

  3. Период за Пракса

    лето, 2025

  4. Изложба на дизајн

    септември, 2025

Зошто Скала?

12 години ги создавеме најкавлитетните кадри во областа на дизајнот!

Нашите ментори

Важно!

Академии со најголем фонд на часови и највисоки оценки од студентите

Учи од најдобрите

Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата

Те поврзуваме со најголемите брендови од индустријата

Предмети

Семестар I

  • Историја на мода

    Историски преглед и анализа на развојот на различните типови и додатоци, во зависност од историските, општествените и културолошките контексти.

  • Моден дизајн

    • Дефинирање на комплексниот моден систем;
    • Создавање на модни категории;
    • Методологија на дизајнирање на модна колекција;
    • Градење на релации со целна група;
    • Презентирање [ревија, фото-едиторијал, дистрибуција].

  • Конструкција на облека со техники на кроење и шиење I

    • Алатки и нивно користење;
    • Техники на моделирање;
    • Изработка на основен терк;
    • Модификации на вшитоци;
    • Конструкција на крој;
    • Изработка на облека

  • Модна и техничка илустрација

    • Модната илустрација и ликовна едукација;
    • Ликовни елементи, принципи и техники;
    • Пропорции на човечко тело;
    • Пропорции на модна илустрација;
    • Контрапост;
    • Стилизација.

Семестар II

  • Историја на дизајн

    • Историски преглед и анализа на развојот на различните стилови и техники во зависност од историските, општествените и културолошки контексти.
    • Примери од сликарството, скулптурата, архитектурата и дизајнот;
    • Разлика помеѓу занаетчиство и дизајн;
    • Современи тенденции.

  • Модна колекција

    Темелен процес кон развој и разработка на модна колекција.

  • Моден бренд

    • Личен брендинг, пиар и промоција;
    • Презентативни вештини;
    • Стратегија за личен развој;
    • Маркетинг, презентација и продажба.

  • Конструкција на облека со технички на кроење и шиење II

    • Алатки и нивно користење;
    • Техники на моделирање;
    • Изработка на основен терк;
    • Модификации на вшитоци;
    • Конструкција на крој;
    • Изработка на облека.

  • Модна фотографија

    • Историја на модна фотографија;
    • Вовед во модна фотографија;
    • Методологија и процес на студиска фотографија;
    • Методологија и процес на концепт фотографија;
    • Фото-едиторијал;
    • Социјални медиуми.

  • Дигитална илустрација

    • Аdobe illustrator;
    • Аdobe photoshop;
    • Дигитална визуелизација на модна илустрација.

  • Кариера + Интелектуална сопственост

  • Кариера и интелектуална сопственост

    • Личен брендинг, PR и промоција;
    • Презентациски вештини;
    • Стратегија за личен развој;
    • Бизнис-модели;
    • Старт-ап;
    • Маркетинг и продажба;
    • Поим за индустриска сопственост;
    • Услови за заштита на индустриски дизајн;
    • Услови за заштита на патент.

Ментори и наставен тим

Скала-ленд

Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.

Започни со Скала

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Често поставувани прашања

  • Како да аплицирам?

    Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација. Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да договориме за термин.

  • Колку време трае и како се одвива наставата?

    Наставата се одржува 4 пати неделно, со по 3 часа дневно. Термините за настава се секогаш попладне од 17:00 до 19:00 часот или од 19:30 до 22:00 часот.

    Студентот може да избере дали наставата ќе ја следи целата програма со физичко присуство или комбинирано (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).

  • Кои се опциите за плаќање?

    Овозможуваме две опции за плаќање и тоа:

    Еднократно праќање со попуст: при уплата на целиот износ студентот добива попуст од 100 евра (оваа можност се однесува и во периодот на ран упис на академиите)

    На рати со флексибилни опции: можност за плаќање до 20–месечни рати, без дополнителни трошоци и камати (бројот на рати и планот за исплата го дефинираме заедно со студентот).

  • Дали е потребно предзнаење?

    Програмата е прилагодена со цел да може да ја следат сите лица без искуство кои сакаат да се преквалификуваат. Единствен услов е познавањето на англискиот јазик на ниво коешто ќе им дозволи на кандидатите да пристапат до ресурсите за учење, како и основно познавање од компјутерски вештини.

  • Каде се одвива наставата?

    Наставата се одвива во просториите на Скала кои се лоцирани на 50та Дивизија бр.22 во склоп на објектот Јавна Соба.

  • Што по завршувањето на академијата?

    Програмата на академијата завршува со подготовките за технички интервјуа и развој на комуникациски вештини во рамки на последниот предмет од вториот семестар. Подготовките се комбинација од предавања за најдобри практики, тест интервјуа и практични вежби. Во рамки на овој дел од програмата работиме на градење на вашето портфолио, оптимизација на вашето CV како и процесот на пишување на мотивациски писма и деловна комуникација.

    По завршување на програмата студентите своите веќе изработени портфолија ги презентираат пред избрани компании од индустријата кои селектираат студенти кои продолжуваат на пракса или пак добиваат понуда за вработување.

  • За кого е наменета академијата?

    Програмата е прилагодена со цел да може да ја следат: лица без искуство кои сакаат да се преквалификуваат со цел да започнат кариера како модни дизајнери како и во областите на модниот дизајн, модната фотографија, конструкција на облека и моден бренд.

  • Што ќе научам од академијата?

    Во рамки на академијата ќе имаш можност да ги совладаш од технички и креативен аспект трите основни модни принципи: моден дизајн, конструкција на облека и модна илустрација, и нивно комбинирање, што во суштина и претставува модниот дизајн. Оваа програма ќе те научи како да размислуваш креативно, преку различен тип на методологии и техники со цел да создаваш креативни модни решенија, користејќи дигитална илустрација.Ќе научиш како да создадеш моден идентитет за клиенти, ќе научиш да моделираш и конструираш облека за најразличен тип на модни барања, како и можност за создавање сопствен моден бренд.

Побрзај и заштеди!

Што порано се регистрирате, толку пониска е цената. Добијте дополнителен попуст за уплата во готово или за препорака на друг студент.

  • Уплати до 23 август

    и заштеди 400 €



    102 / мес.
    или 1950 € во готово
    • Уплата до 20 рати без камата

    • 100€ попуст за уплата на целиот износ

    • 50€ попуст за секоја препорака

    • твојата желба за студирање е наш приоритет

  • Студентски искуства

    Што кажуваат Скала студентите

    Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
    Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.

      • Ивана Гијовска

        Скала е мојата омилена „обврска“ што некогаш сум ја имала.
      • Олгица Тренеска

        „Скала“ за мене е нов поглед кон модниот свет, нови пријателства, нови идоли, safe place и важно делче од сложувалкатa на мојата модна приказна.  
      • Мила Спасовска

        Академијата за моден дизајн ми помогна да основам сопствен моден бренд!
      • Натали Наумова

        Скала ми помогна да го живеам сонот од детството! - Се вработив во модната куќа „Bella“.

    Нешто повеќе за моден дизајн: