Од студенти на Академија до практиканти во „Скала“

Секогаш сме горди на достигнувањата на нашите студенти, но особено се радуваме кога тие, по завршувањето на 10-месечната академија во „Скала“, се придружуваат на нашиот тим.

“>Тео Костовски и Марија Шестакова се истакнаа со својот ентузијазам и професионалност за време на студирањето на Академијата за графички дизајн и Академијата за фотографија, а сега се на дополнителна 3-месечна пракса во „Скала“. Тие ги споделија со нас нивните импресии за досегашното искуство.

Студенти од „Скала“ на пракса во нашиот тим

Марија Шестакова е алумни-студентка на Академијата за графички дизајн. Во „Скала“ работи како графички дизајнер и вордпрес-девелопер, под менторство на арт-директорката Андријана Антова.

„Иако работниот ден трае 8 часа, времето поминува брзо кога крај себе имаш прекрасни колеги и преубава атмосфера за работа. А секако, тука е и Бумбарче (мачорот кој живее во „Скала“) за повремени гушки коишто секој ден го прават поубав!“

Related posts