Викторија Ангеловска академија за UX/UI+ дизајн скала

Студентски искуства: Симона Тасевска – Визуелни уметности

skala_admin_m
on

Студентски искуства: Симона Тасевска – Визуелни уметности

Интервју: Симона Тасевска, студент на Академијата за визуелни уметности

Разговараме со Симона Тасевска – студент на Aкадемијата за визуелна уметност

Студентски искуства: Симона Тасевска – Визуелни уметности

skala_admin_m

I am a heading

Беше дел од Aкадемијата за визуелна уметност. Во која од понудените области најмногу се пронајде?

Не можам да кажам дека сѐ уште се имам пронајдено во конкретна област, зашто сметам дека самиот спектар на визуелни уметности дава слобода да комбинираш работи во полза на тоа што го работиш во моментот.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

По завршувањето на Академијата, стана дел од тимот на Реборн, а сега твојата приказна како дизајнер продолжува. Раскажи ни повеќе за тоа.

Реборн покрај порталот Reborn.mk (не смеам да откривам што се подготвува ново), постои и како маркетинг-агенција која е фокусирана на изработка на маркетинг кампањи и продукција на видеа. Почетокот на 2019 година маркетинг делот на Реборн се официјализираше и како нова компанија наречена Relish. Така што, сега функционираме најмногу како самостојно дизајн-студио и видео-продукција.

Мојата позиција е графички дизајнер, а можете да прочитате и видите повеќе на relish.studio.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Кога не би била дизајнер...

Сигурно повторно би се занимавала со креативна работа и најверојатно би била архитект.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Омилен час ми беше...

Мултимедија кај менторот Дејан Џолев, поради можноста за пренесување на идејата преку комбинирање на различни медиуми.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

После часовите...

Секогаш останувавме на седенка со колегите (Ања, Дејан и Лазар),разговаравме за тоа како сме го поминале денот и правевме планови за идни проекти заедно. Покрај дружбата на Академија станавме пријатели и приватно.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Омилени трендови во дизајнот...

Минимализмот доминира во дизајнот последниве неколку години, сметам дека овој тренд продолжува, бидејќи постојано гледаме употреба на чисти визуелни елементи и негативен простор во сите полиња на дизајнот, главно во веб-дизајнот и дизајнот на апликации.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Од академијата очекував...

Да добијам насоки и знаења во однос на технички работи од разни области, но во текот на годината самиот процес на добивање знаења и комуникација со менторите ми помогна да научам посуштински работи и пронаоѓање на вистинските интереси.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала