


Бисера Димчева е студентка на Академијата за визуелни уметности во „Скала“ и дипломиран аудиовизуелен уметник со фокус на современ танц. Нејзината страст кон уметноста ја поттикна да се дообразува во областа на визуелните уметности, со особен акцент на фотографија и видео, кадрирајќи нови перспективи, емоции и движења преку објективот.
Најчесто инспирација црпам од…
Книги, филмови, претстави, нови познанства.

Анимација/моушн дизајн или Видеографија...
Видеографија.

Часовите со Џолев…
Се едни од најинтересните и најкреативните часови на кои сум присуствувала. Ми будат љубопитност и радост на мало дете.

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…
Ако има желба, се е возможно.

После часовите…
Секогаш се чувствувам инспирирано за нови подвизи.

Мојот сон...
Е да живеам работејќи го она што го сакам, а тоа е уметноста, и да ја споделувам мојата пасија преку едуцирање на нови кадри во истото поле.

Скала...
Не е само школа туку заедница, тим на луѓе кои работат со многу труд и љубов за да ги отворат вратите на новите генерации студенти.
