Викторија Ангеловска академија за UX/UI+ дизајн скала

Студентски искуства: Ива Мандиќ – Дигитален маркетинг

skala_admin_m
on

Студентски искуства: Ива Мандиќ – Дигитален маркетинг

Кафе, тренинг, маркетинг, дизајн, предавања… ова е само дел од динамичниот живот на Ива, 22-годишна студентка која не познава граници. Таа е студентка на Академијата за дигитален маркетинг во Скала и паралелно ја привршува својата дипломска работа на факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН Универзитет, отсек мултимедија.

Мултидисциплинарна креативка која работи во маркетинг и дизајн секторот на женскиот магазин „Убавина и Здравје“ но и предава графички дизајн во детскиот оддел на Семос Едукација.

Студентски искуства: Ива Мандиќ – Дигитален маркетинг

skala_admin_m

I am a heading

Маркетинг кампања која ме воодушевила…

Сите маркетинг кампањи на Rhode – Hailey Bieber.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Најинтересен тред во дигиталниот маркетинг…

Инфлуенсерство.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Менторот Димитар Јовевски секогаш е…

Внимателен и посветен при сослушување на студентите и давајќи соодветни, конструктивни критики. Неговиот пријателски пристап создава опуштена атмосфера во која се чувствуваме охрабрени да поставуваме прашања и да напредуваме. Со неговата поддршка и насоки, секој час е продуктивен и инспиративен.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

На часовите кај менторката Елена Костоска...

Го развивме своето креативно размислување и научивме како да применуваме нови идеи и концепти во практични проекти.  Низ нејзините наставни методи, стекнавме вештини кои ни помагаат да гледаме на прикажаната содржина од нови перспективи и да создадеме оригинални решенија.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…

Е потребата од поврзување и запознавање со колегите, да се делат идеи, да се поддржуваат различни перспективи и да се работи кон заеднички цели. Научив да бидам дел од тим (Благодарение на проф. Сузана Никифорова).

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Домашните на менторот Владимир Ристевски...

Ни помогнаа реално да го примениме знаењето и да ги провериме нашите вештини во практична средина. На овој начин ги надоградивме теоретските основи од изминатите часови.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Најчесто инспирација црпам од…

Мојата мајка, бидејќи таа е најупорниот и највреден човек што го познавам.  Таа никогаш не дозволува технолошките напредоци и брзиот тек на времето да ја претркаат и постојано вложува во нови знаења и кариерни усовршувања.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

За Скала…

Среќна сум што сум дел од ваква позитивна заедница, каде што секој ден растам не само преку знаење и предизвици, туку и преку искреното пријателство и поддршка на моите колеги.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала