Викторија Ангеловска академија за UX/UI+ дизајн скала

Студентски искуства: Викторија Ангеловска – UX/UI+ дизајн

skala_admin_m
on

Студентски искуства: Викторија Ангеловска – UX/UI+ дизајн

Викторија Ангеловска е студетнка на Акдемијата за UX\UI+ дизајн во Скала и верува дека преку академијата не само што ќе успее да ја истакне најкретивната верзија од себе, туку и ќе ја примени креативноста заедно со знаењето создавајќи дизајни зад коишто ќе стои со радост и гордост. Таа паралелно студира и на Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје. Во слободно време под златното сонце, Викторија наоѓа радост во смеата, танцот и природата.

Студентски искуства: Викторија Ангеловска – UX/UI+ дизајн

skala_admin_m

I am a heading

Стил кој најмногу ми прилега…

Најмногу внимание ми привлекуваат и најмногу ми прилегаат brutalism, retro/vintage дизајните, а најдраги ми се илустративните, асиметрични дизајни.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Најчесто инспирација црпам од…

Сѐ она што ми го привлекува вниманието и ми буди силна емоција, независно која.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…

Е дека цело е кога има сѐ. Звучи на клише, но во случајов е совршено соодветно, а мислам на тоа дека подеднакво многу важни се новите нешта коишто ги учиме, но и оние околу нас со коишто го чекориме патот откривајќи само нови и нови изненадувања.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

На часовите кај менторот Стефан…

Се соочив со предизвици коишто знаеја да ми создадат паника и да ми го разбудат она чувство дека е невозможно да успеам да ја исполнам задачата, но благодарение на неговиот пријателски пристап и неговата особена внимателност, тие чувства поминуваа многу брзо и задачите секогаш беа успешно завршени на крајот. Бескрајно благодарна сум за сѐ што научив!

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Домашните на Џолев...

Беа изненадувачки инспиративни и дидактични, а некои од нив малку потсетуваа на домашни коишто сме ги добивале во некои ниски одделенија во основното образование, што само додаде на симпатичноста. Вистински времеплов! 

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

На часовите кај менторот Игор…

Сѐ она што ни делуваше страшно и тешко, уште во првиот момент беше ублажено со неговиот хумор и пристапноста, што верувам дека беше мошне олеснителен момент за сите нас. Често разговараме за важни теми од индустријата, несебично го споделува неговото знаење и искуство со нас, за што сум особено благодарна.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Често разговараме со колегите за…

Предизвиците со кои се соочуваме, за анегдоти од часовите, си даваме поддршка и си помагаме, што ми е особен драг момент од целото искуство на „Скала“.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Мојот сон по 5 години...

Би сакала да сум успешна и препознаена во својата област и со особена радост да се сеќавам на сѐ што научив и на сѐ што понесов од ова кратко патување наречено „Скала“.

Вулнет Џелили академија за фотографија скала

За Скала...

„Скала“ за мене значи една нова приказна што ме освои од првиот ден со сета неформалност од една страна, а сериозна професионалност од друга. Ангажираноста, ажурноста и внимателноста на секој еден од менторите е нешто што значи особено многу во процесот на учење. Пријателствата што се развиваат попатно се најубавиот подарок којшто ни останува и по академијата, едноставно нема рок на траење.

Топли препораки за секој оној што има и најмал сомнеж за тоа каде да се стекне со нови знаења и вештини – „Скала“ е совршениот избор! 

Вулнет Џелили академија за фотографија скала